25 минути

Пендаровски и Силјановска- Давкова собраа потписи за неколку часови

Претседателските кандидати на двеге најголеми политички партии, Стево Пендаровски- СДСМ и Гордана Силјановска- Давкова- ВМРО- ДПМНЕ, имаат 10.000 потписи од граѓаните.
“Собирањето на потписите започна денеска, 3 март во 08.00 часот, на територијата на целата држава и за неполни пет часа се собрани 10 000 потписи од граѓаните кои се потребни за поддршка на кандидатурата за претседател“, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Во соопштението се додава и дека продолжува собирањето потписи ќе продолжи во текот на наредните часови и денови.

Лидерот на опозициската ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека во случајот со кандидатката Силјановска- Давкова, собрани се повеќе од 15.000 потписи.