25 минути

Русија објави аудио снимка од прислушување на германски офицери за Украина

Русија објави аудио снимка од прислушкувани разговори на германски армиски офицери кои разговараат за снабдување на Украина со ракети со долг дострел и за можни цели.

Германскиот канцелар Олаф Шолц излезе со реакција за наводното прислушување:  

„Она што е објавено таму е многу сериозна работа. И затоа сега сето се истражува многу внимателно, многу интензивно и многу брзо – и тоа е исто така неопходно”, изјави Шолц.