25 минути

Во трката за претседател влезе нов кандидат

Гоце Ристов е новиот кандидат за претседател, кој за три дена ќе се обиде да ги обезбеди потребните 10.000 потписи.
“Денес, до Државната изборна комисија е доставена иницијатива за собирање потписи за кандидатура за претседател на Република Северна Македонија од страна на Гоце Ристов. Потписите ќе се собираат во подрачните одделенија/канцеларии на Државната изборна комисија на целата територија на државата“, велат од ДИК.