25 минути

Македонската компанија “Сајтрокс” под американски санкции

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) која има седиште во Северна Македонија, вклучувајќи уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на САД, односно од Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави. Покрај “Сајтрокс” под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, ирските компании „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“.
Безбедносниот ризик за санкциите на македонската компанија “Сајтрокс” е клучната причина за ставање на оваа листа, поточно развивање на шпионскиот софтвер „Предатор“.

Стејт Департментот ги прецизираше причините за санкции: “Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

Македонската компанија “Сајтрокс” во јули минатата година се најде меѓу фирмите на кои Соединетите Американски Држави им забрануваат на своите компании да тргуваат „оти претставуваат закана за националната безбедност и интересите на американската надворешната политика“, објавија тогаш Вашингтон пост и Ројтерс.