25 минути

Марш за женски права „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!

На Плоштадот Скендербег во Скопје се маршираше денеска под слоганот Марш за женски права, под слоганот: „Црвена линија: Правата на жените не се за преговарање!“. 

Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права протестираа против третманот кон жените и девојките, со цел да се подигне свеста за универзалните, базични човекови права- унапредување на здравствените, образовните, работничките, културните, политичките и економските права на жените.