25 минути

Од понеделник во Скопје издавањето лични карти во полициски станици

Со оглед на тоа што се покажало неефикасно носењето лични карти на домашните адреси, од понеделник МВР најавува нов начин на издавање на личните карти- во полициските станици. Подигањето на пасошите и сообраќајните дозволи сепак, остануваат како и досега.
“Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на Град Скопје доведе до заклучок дека е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава”- стои во соопштението.

МВР информира дека од понеделник, 11 март 2024 година, почнува нов процес за издавање лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици, според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта.

Секој граѓанин ќе може да пристапи во кој било период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта.