По неколкунеделните најави за забрана и контроли на невакцинирани деца од голема кашлива во градинките, денеска министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, изјави дека засилени инспекции во градинките ќе има во цела држава, не само во Скопје.
– Мислам дека веќе пред две недели го организиравме ова. Оваа е трета недела како сум министер за здравство. Имајте го тоа предвид. Откако дојдов, веднаш пристапив кон тоа.
Не само на територија на Скопје, каде што е прогласена епидемија, туку на државно ниво ќе има засилени инспекциски прегледи и ќе барам по секој начин да се вакцинираат оние, кои се невакцинирани.
И во останатите градови ќе се враќаат од градинка, децата кои не се вакцинирани. Има потпишано таква наредба”, одговори Демири.
Конечно, со оглед на тоа што од денеска ДСЗИ ќе издава решение за забрана на деца во градинка, министерот Демири на новинарско прашање дали има податоци колку решенија за забрана за невакцинирани деца се издадени досега- одговори дека нема таков податок.