25 минути

Руинирано здравство: Досие Амбуланта Карпош

Супстандардни услови, бедно и мизерно изгледа Амбулантата Карпош, и покрај алармот на докторите државата да донесе одлука- да се реновира и да стане достоинствен здравствен дом, говори во интервју со Биљана Секуловска, др. Ѓуро Кленкоски.

На прашањето- зошто се дозволило да остане руинирана амбулантата Карпош, Министерството за здравство нѐ упати кај одговорниот- директорот на Здравствен дом Скопје- Виктор Исијановски, додека тој одби разговор, со образложение- одговорно е Министерството за здравство.

Болничка криза e присутна во сите европски земји, но неспоредлива со состојбата на македонските болници од јавниот сектор. За ЕУ стандардите од Франција известува Тони Гламчевски.