25 минути

Голема кашлица: Од утре забрана за невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца во градинките

Од утре невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца со голема кашлица нема да се примаат во детските градинки. Здравствените инспектори откако пред неколку недели беше најавувано, конечно ќе почнат со контроли.

Освен тоа, обврска ќе имаат предучилишните установи- да изготват списоци со имињата на сите невакцинирани деца.

Од почетокот на годинава, регистирани се 173 случаи на голема кашлица во земјава, додека најновиот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека во периодот од 01-07 март пријавени се 50 нови случаи- 43 во Скопје, 3 во Тетово, и по 1 во Кочани, Кавадарци, Куманово и Битола. Од новите 50 случаи, 5 се хоспитализирани, сите се деца до 4 години.