25 минути

ГРЕКО со барање македонските власти да ја укинат функцијата на министерот за правда во Судскиот совет

ГРЕКО во најновиот Извештај го повторува барањето македонските власти да ја укинат функцијата на министерот за правда во Судскиот совет.

“ГРЕКО е свесен дека оваа препорака изискува уставен амандман и дека иако бил изготвен предлог во врска со ова прашање, тој не поминал успешно во Собранието. Образложенијата дадени од властите се исти како и во претходните извештаи: министерот за правда не учествува на седниците на Судскиот совет. Оттука, не може да изврши никаков притисок врз Судскиот совет.
ГРЕКО повторува дека секогаш постои ризик од политичко влијание и при отсуство на формално право на глас, па дури и при отсуство на формално и лично присуство на министерот за правда на состаноците поради што изразува жалење за континуираниот недостаток на напредок во поглед на имплементацијата на оваа препорака“, пишува во извештајот