25 минути

Ескобар: САД очекуваат Влада посветена на НАТО и на интеграцијата во ЕУ

САД очекуваат идната влада во Македонија да биде посветена на НАТО, ЕУ и борбата против корупцијата- оваа порака денеска од Брисел на брифинг со новинарите испрати заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар. Тој во во регионов ќе ги посети Косово и Црна Гора, но не и Македонија, затоа што, според медиумите, овие две земји се сега во фокусот.

“Добивме уверување од Бугарија дека тие сакаат Северна Македонија да биде членка на ЕУ. Треба да ја искористиме предноста на овие можности, бидејќи Северна Македонија треба да биде рамноправен кандидат за членство во ЕУ“, изјавил Ескобар на брифингот.