25 минути

Врховен суд: Таткото на Вања останува во притвор

Врховниот суд донесе одлука таткото на убиената 14-годишна Вања, кој е осомничен за помагање во грабнувањето на девојчето, да остане во притвор.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд донесе решение со кое жалбата на обвинетиот А.Ѓ., изјавена преку бранителот Владимир Туфегџиќ, ја одби како неоснована и го потврди решението на Апелациониот суд Скопје“, соопшти Врховен.
Пред судот се обрати и таткото на убиената Вања:

„Јас сум поделен на два света во моментов, едното дете ми се наоѓа тука, другото ми го одземаа. Не ми е важно каде ќе ја дочекам разрешница од оваа ситуација, важно ми е да дојде до разрешница, за да можам и јас да донесам одлука како возрасен човек дали ќе продолжам на овој свет или ќе се придружам на постарата ќеркичка“, изјави осомничениот татко на убиената 14- годишна Вања.