25 минути

Агелер: Притисоците врз судството да престанат

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, повторно излезе со порака до судството, велејќи дека „притисоците врз судската власт во Северна Македонија мора да престанат“.
Агелер оваа изјава ја даде на конференцијата по повод 60 год. од основањето на Уставниот суд:

„Во САД и тука во Северна Македонија овој суд е од суштинско значење за да се овозможи транспарентно и правично општество. Сите треба да ја почитуваат независноста на судиите кои што треба да бидат слепи за политичките влијанија и јавните мислења и да бидат водени од начелата кои што се втемелени во нашите устави.

Американскиот уставен судија се уште смета дека нашиот Устав не е напишан во песок за да може да се измие со секој бран од нови судии кои што се под влијание на политички бранови. Притисокот кој што е ставен врз судиите во овие судови може да биде огромен. Ние како граѓани инсистираме притисоци да бидат елиминирани и нашите судии секогаш да бидат независни без оглед на нивното потекло и лични мислења“, рече Агелер.