25 минути

Господари на играта

Најдобрата идеја во историјата на политиката ја даде шармантниот министер Крешник Бектеши- оние политичари кои не победуваат, да се повлечат од политиката.

Тој би сакал никогаш повеќе да не ги видиме, за нас тоа би било идеално. Но, едно мора да знае Бектеши. Идејата да се потценат граѓаните е секогаш најдобрата политичка понуда во оваа земја, особено пред избори, а уште повеќе после изборите. Во оваа маестрална игра сите ние учествуваме со сопствен влог.

Затоа што, тие исти потценети граѓани би сакале голем дел од политичарите да ги видат како активно учествуваат на судски процеси- и тоа нивните, се разбира. Повлекувањето од политиката Бектеши го замислува со неподнослива леснотија- сите за него се исти. Повлекување како она на Никола Груевски. Како она на Љубчо Георгиевски. Како она на Бранко Црвенковски. Последниот пример е најнесоодветен со првиот. Господското повлекување на последниот пример, оној на Црвенковски, со бегањето од затвор на првиот, оној на Груевски, само покажува како функционира правдата за која се залага партијата која ја претставува Бектеши. И срамниот мир со кој ние сето тоа го прифативме.

Дали е неопходно да го потсетиме министерот Бектеши за елегантниот криминален случај со Рамиз Мерко? Или можеби да му ги нацртаме  црните листи на САД, дали сака да ги преслушува до недоглед, додека не ги разбере навистина изјавите на американската амбасадорка Анџела Агелер- за корупцијата како епидемија? За сево ова тој не би сакал да зборува, затоа што сега не е вистинското време за исклучување на Мерко од партијата на Бектеши? Или можеби го заборавил опасниот упад во М-НАВ, за што дури и се вклучил алармот во НАТО. Да, никогаш не е време за нивното соочување со правдата.

Најмал проблем е што го голтаме чадот од нивните цигари во нашите простории- затоа што ние сме тие кои всушност ги плаќаме, како и луѓето кои со потсмевање ни дуваат во лицето. Не е во нив проблемот, да бидеме чесни и да признаеме. Што сторивме ние- тоа е најдоброто прашање за кое никој не сака да разговара, никаде, никогаш. Дури ни на изборите казната секако дека нема да им се случи. Затоа што заслугата ја имаме ние- да бидеме казнети.