Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, и актуелниот градоначалник на општината Карпош и кандидат за претседател на државата, Стевчо Јакимовски, се ставени на американската „црна листа“, односно на американскиот Стејт департмент.
САД ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, гранка на владата или заедница”, објави американската амбасадорка Анџела Агелер по објавата дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски се ставени на црната листа на САД за корупција.
Образложението е дека постапките на Јанева и Јакимовски ги поткопале владеењето на правото и вербата на јавноста во демократските институции и јавните процеси во земјата.
За Стевче Јакимовски, се наведува дека како градоначалник на Општина Карпош бил вмешан во коруптивни дела- дека службената положба ја користел да влијае во урбаниот развој на Општината, во процесите за јавни набавки, со цел преку нив да прибави корист за себе и своите соработници.
Јанева на „црната листа“ на САД е тоа што за време на нејзиното шефување со поранешното Специјално јавно обвинителство била вмешана во коруптивни дела, како и користење на политичкото влијание и моќта за нејзина лична корист.
За Јанева постојат веродостојни информации за тоа дека побарала и примила поткуп за да влијае на Обвинителството под нејзина надлежност.
Но, освен Јанева и Јакимовски, Стејт департментот на „црната листа“ ги стави и членовите на нивните потесни семејства, односно двата полнолетни сина на Јакимовски, Гоце Јакимовски и Дамјан Јакимовски.
На „црната листа“ се ставени и синот на Јанева, Лазар Јанев, кој е адвокат, како и сопругот Венци Јанев, кој е починат.
“Денешното именување на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и актуелниот претседателски кандидат и градоначалник Стевчо Јакимовски никого не треба да изненадуваат. Соединетите Држави ќе продолжат да ги именуваат функционерите на која било партија, огранок на владата или заедница што е вклучена во значителна корупција. Народот на Северна Македонија заслужува правда и одговорност од нивните институции за да се запре бранот на криминално однесување и да се запре ракот на корупцијата“ порача Агелер.