25 минути

Вучиќ за честитката до Путин: Тоа e моја работа, не сум никому слуга

Српскиот претседател Александар Вучиќ откако му забележаа дека ја честитал победата на рускиот претседател Владимир Путин, денеска во Брисел изјави дека ќе му честита на кого сака, бидејќи не е ничиј слуга, и дека прави се во најдобар интерес на Србија.

„Тоа е моја работа и ќе продолжам да ја работам, не сум никому слуга, повеќе ја сакам мојата земја отколку што било во светот и јас се однесувам како независен претседател на земја, таквите носат одлуки во најдобар интерес за себе и за своите граѓани“, изјави Вучиќ.