Штабот на Пендаровски им предложи на неговите противкандидати да се одржат две големи дебати на неутрален терен, една на почетокот и втората на крајот на кампањата. Ваквиот формат на претставување на кандидатите, како што брифираа за медиумите советниците за односи со јавност во неговиот изборен штаб, Богданка Кузеска и Наим Вранези, се прави во најразвиените демократии и на тој начин секој од кандидатите ќе добие простор да ја презентира својата програма.
“Во пресрет на големите верски празници претседателот Пендаровски ќе ги покани сите претседателски кандидати на ифтарска и велигденска вечера“, стои во соопштението на тимот за комуникации во изборниот штаб на Пендаровски.

Претходна објава