СДСМ денеска ги објави изборните листи, на кои носители се досегашните владини функционери. Претседателот на СДСМ и екс- премиер, Димитар Ковачевски, е носител на листата во првата изборна единица, додека коносителка е лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.
Во втората изборна единица носител е екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но заедно со Фатмир Битиќи.
Во третата ИЕ е носителка потпретседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска, а коносител е министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Во четвртата ИЕ носител е ексминистерот за здравство, Венко Филипче, а коносителка екс министерката за труд и социјала, сегашна заменичка- Јованка Тренчевска.
Претседателот на Собранието пак, Јован Митрески, е носител во петтата ИЕ, а втора на листата е министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Во шестата ИЕ носителка е министерката за одбрана Славјанка Петровска, а втор на листата е Агрон Демири.
Пред Конгресот на партијата на кој беа промовирани листите, се одржаа седници на Извршниот и на Централниот одбор на партијата, на кои, според медиумите, имало револт и незадоволство од листите од истакнати партиски членови, кои тоа го демантираа.