25 минути

Ахмети и Села потпишаа договор за коалиција

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и Зијадин Села од Алијанса за Албанците, денеска во Гостивар потпишаа договор за коалиција, што подразбира дека заедно одат на парламентарните избори. 
Овој потег на Зијадин Села беше очекуван, откако пред два дена се приклучи на Европскиот фронт, предводен од ДУИ.

Зијадин Села, неофицијално, би бил носител на пратеничката листа во петтата изборна единица. Европскиот фронт освен влезот на Села има уште неколку партии- ДПА, Европската демократска партија, Народното движење, унијата на Ромите, Демократската партија на Турците и Движењето на Турците.

Фото: Фокус