Од денеска започнува летниот распоред на летање на скопскиот аеродром, кој ќе трае до 27 октомври годинава.
Преку нивната Фејсбук страница, тие го објавија распоредот на летање каде може да се види дека граѓаните ќе можат да летаат на вкупно 49 авиодестинации од и до Скопје.
Најголемиот број од дестинациите достапни преку скопскиот аеродром се за градови во Германија. „Виз ер“ пак е главната авиокомпанија која ги опслужува мнозинството од дестинациите преку аеродромот.
Деталите за дестинациите, авиокомпаниите и фреквенциите на летовите може да ги најдете на официјалната веб-страница на аеродромот.