25 минути

Како изгледа клиентелизмот во администрацијата

Разликите во демократскиот развој помеѓу Македонија и Велика Британија се огромни, точно колку што ги делат векови на тој развој. Британија има вековна традиција на демократски процеси додека Македонија само 30 години. Како изгледа клиентелизмот на администрацијата во Македонија, за разлика од британската администрација – професионална, непартиска, и оттука ефикасна- говори Искра Белчева, програмска координаторка во Центарот за управување со промени (ЦУП).

Дописникот од Франција, од центарот на Европскиот Парламент и Советот на Европа, Тони Гламчевски, анализира како ЕУ ја санкционира корупцијата.

Останати гости во 25 минути се Никола Еоса, директор на Transparency International (ЕУ), Даниел Фројнд, европратеник, и Александар Фанта, истражувачки новинар.