25 минути

Најмалку 15 лица загинаа во пожар во Истанбул

Најмалку 15 лица загинаа, 8 се повредени, од кои седум потешко, во пожар што избувна во ноќен клуб под повеќекатна зграда во истанбулскиот кварт Бешикташ, јавуваат турските медиуми. Повредените се префрлени во болниците во регионот.

Според локалните власти, пожарот избувнал во ноќен клуб лоциран на кат-1 и-2 во 16-катница на улицата Јилдиз Поста, во населбата Гајретепе. На местото на пожарот пристигнале бројни противпожарни единици и екипи за итна помош.

Според сознанијата, пожарот избувнал како последица на реновирање во ноќниот клуб, но не се наведува точниот предизвикувач.