Вработени во Водовод со автомобил ја прегазиле малата Данка и телото на девојчето го фрлиле во депонија
Трагичен крај има потрагата по исчезнатата Данка Илиќ (2), јавуваат српските медиуми. Откако српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека за убиството на девојчето се уапсени две лица, а тие признале се, српските медиуми ги објавија деталите.
Утрово две лица се уапсени под сомнение дека со автомобил згазиле мало девојче, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.
Како што потврдија за АТВ, криминалистичката полиција од Бор ги привела работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.
С.Ј. е осомничен дека со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишно девојче од Данска, на улица „Радомир Путник“, при што ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата, пренесуваaт српските медиуми.
С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело, а Д.Д. за помош по извршено кривично дело. На двајцата им е одреден притвор до 48 часа по апсењето.
Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако девојчето исчезнало, стои во пријавата на мајката.
С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојката и ја убил – според извор од истрагата, како што е соопштено од медиумите од Србија.
Да потсетиме, Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.