25 минути

Пет автомобили изгореа во пожар под Скопското Кале

Пет автомобили изгореа во пожар што избувна под Скопското Кале. Нема информации за жртви.

Огнот избувна на поранешниот полигон за полагање возачки испит, а бежше изгаснат со интервенција на пожарникарите.

На терен се присутни и полициски екипи, по што МВР ја информираше јавноста за инцидентот:

– Околу 13 часот и 25 минути во СВР Скопје е пријавено дека  на дивиот паркинг кај поранешниот полигон настанал пожар пришто  горела сува трева. Притоа од пожарот опожарени се пет моторни возила.

Повредени лица нема. Пожарот е локализиран, а по насоки на инспектор од СВР Скопје, се повикуваат сопствениците на возилата кои ги оставиле на дивиот паркинг. Ќе се врши увид и документирање од страна на СВР Скопје”- соопштија од МВР.

Фото: Фокус