Започна увидот на Универзална сала по вчерашниот пожар, во кој изгоре целата внатрешност на објектот.
Од МВР и Јавното обвинителство изјавија дека тројцата градежни работници кои работеле на реконструкцијата се пуштени дома по изјавите во полиција, а во меѓувреме трае увидот на терен.
Освен тоа, пуштена е и втората жена која беше задржана на Токсикологија поради вдишаниот чад од пламенот.

Претходна објава