Дизајнерот Роберто Кавали почина во Фиренца на 83-годишна возраст.
Кавали потекнуваше од семејство на уметници, бидејќи неговиот дедо Џузепе Роси беше водечка фигура на движењето Макијаоли, со дела изложени во галеријата Уфици во Фиренца. Кавали го донесе својот уметнички сензибилитет во неговите модни дизајни, откако студираше на Институтот за уметност во Фиренца.
„Со длабоко жалење и голема тага Компанијата Роберто Кавали ја објавува смртта на неговиот основач Роберто Кавали Од скромните почетоци во Фиренца, г-дин Кавали успеа да стане глобално признато име сакано и почитувано од сите.
Тој беше природен уметник и веруваше дека секој може да го открие уметникот во себе. Наследството на Роберто Кавали ќе живее преку неговата уметност, неговата креативност, љубовта кон природата, животните и преку неговото семејство кое го негуваше”, се вели во соопштението на компанијата Кавали.