25 минути

Пиколомини, радост ти ќе бидеш

Како може да се води држава? Најдобриот пример е систематското уништување на Универзалната сала во Скопје. Со години траеја расправии, обвинувања, тензии, конфликти. Градоначалничката Данела Арсовска ја покажа уште еднаш храброста, затоа што само така може да се води во победа- таа прогласи смрт за иднината, затоа што за неа се е подобро од живот кој потсетува на минатото. Соопшти дека е подобро никаков град, отколку град кој ќе потсетува на Шилегов. Затоа и ја стопираше реконструкцијата започната од нејзиниот претходник.

После тоа, две години Универзална сала зјаеше напуштена, отворена, тоа беше сала на духовите, баш затоа што Арсовска прекина се што личеше градење. Одлуката беше дека е најдобро да се слави Пиколомини, само тој е единствено надлежен за иднината, само така градот убав може пак да никне. Најдобро беше нему да му се довери Скопје во пепел и прав, поинаку не можеше градот радост пак да биде. Тоа беше новата политичка филозофија, која со години повеќе од успешно функционира кај Арсовска.

Сега Лазар Арсовски, сопственикот на градежната фирма „Универзал Балкан“, која ја врши реконструкцијата, вели дека претпоставува дека пожарот го предизвикал стар кабел или некоја стара инсталација.

Затоа што, како што е познато, доколку на испит на Градежен факултет правите реконструкција на објекти, професорите инсистираат да останат стари кабли и стара инсталација, за да видат дали ќе сфатите дека ќе изгори  дури и хартијата на проектот, уште незапочнат. Само за да ви докажат дека треба да продолжите со школувањето, но никако на тој факултет, би било апсурдно.

Затоа, Универзална сала е симболот на вестите од бесвести во Македонија. Затоа е и важно да се започнат преговори со ЕУ, со што некои други политички структури ќе надгледуваат, контролираат и практично ќе водат. Поинаку, постои опасност пожарот од Универзална да се прошири низ целата држава. Пиколомини е радост за многу од нашиве политичари.