25 минути

Русопулос: На Украина и треба нашата поддршка

Целосна поддршка за Украина- тоа е клучната порака од првиот човек на Парламентарната Асамблеја во Советот на Европа, Теодорос Русопулос, денеска на отворањето на пролетната сесија на Собранието.

“На Украина и треба нашата поддршка, а не само зборови – во моментов ѝ се потребни виталните муниции кои ќе и овозможат да продолжи да се брани, да не брани сите нас и да го брани најфундаменталното право од сите пропишани во Европската конвенција за човекови права – правото на луѓето на живот“, рече Русопулос.
“Не смееме да се двоумиме, во овој критичен момент, да ја поддржиме Украина. Ги повикувам сите европски земји да ги удвојат и тројно своите напори за да и дозволат на Украина да го одбие напаѓачот, да ја врати контролата врз нејзините незаконски окупирани територии и да го врати мирот заснован на правда низ нејзината земја“, додаде тој.