25 минути

Уапсени 17 припадници на затворската полиција

Утрово во акција на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење уапсени се околу 17 припадници на затворската полиција, осомничени за поврзаност со бегство на затвореник од Идризово, кој бил осуден за убиство.
Од ОЈО најавија дека наскоро ќе излезат со повеќе детали и соопштение.

Минатата недела во затворот Идризово имаше голема полициска акција и претреси, поради сомневања за кривично-правни дејствија.