25 минути

Сиднеј: Повеќе луѓе, вклучително и епископ, избодени за време на миса

Истакнат христијански водач, наводно, бил избоден со нож пред олтарот за време на миса во југозападен Сиднеј, јавува Гардијан.

Епископот Мар Мари Емануел држел миса во црквата „Христос Добриот Пастир“ во Вејкли, кога еден човек му пришол пред олтарот и наводно го прободел повеќе пати во главата.

Полициска операција е во тек во Вејкли, по дојавата за прободување. Полицијата уапсила маж, но повеќе детали засега не се соопштуваат.

Повредените лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот.