25 минути

Косово е пред членство во Советот на Европа

Парламентарното Собрание на Советот на Европа денеска го разгледува и гласа за извештајот, со кој се препорачува членство на Косово. Се очекува двотретинско мнозинство на пратениците кое би гласало за влез на Косово, за подоцна, во средината на мај, конечната одлука да ја донесат министрите за надворешни работи.
Извештајот за Косово беше одобрен во март од Комитетот за политички прашања и демократија на ПССЕ, каде беше нотирано дека “аспирациите на Косово да се приклучи во Советот на Европа треба да бидат исполнети со позитивен одговор”. Се очекува Парламентот сега да ги следи препораките на Комитетот.