25 минути

Протест на културните работници

Денеска културните работници пред Министерството за култура излегоа на протест со барања за повисоки плати и почитување на колективните договори.
Велат дека цела недела им доцнат мартовските плати на 3000 вработени во културата, но исто така не можат и да го добијат зголемувањето за 12% што им следува согласно општиот колективен и колективниот договор за култура. Министерството за култура чека одобрение од Министерството за финансии.