25 минути

ДКСК пак ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Со 4 гласа „за“ ДКСК повторно одлучи да постапува по однос на претставката поднесена од кандидатката за претседателка на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, а која веќе ја отфрли Управниот суд. Се однесува на случајот дека Академијата за судии и јавни обвинители во време на предизборен процес дозволила полагање и објавила оглас за прием на 130 слушатели.

Приговорот од Силјановска – Давкова најпрво беше прифатен и поддржан од ДКСК, како основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик. Токму заради тоа, Академијата поднесе тужба која беше прифатена од Управниот суд.