25 минути

Украина: Осум луѓе загинаа, повеќе од 20 се ранети

Најмалку осум луѓе загинаа, а повеќе од 20 се ранети во голем руски воздушен напад врз централниот украински регион Днепар. Притоа се оштетени инфраструктурни објекти.

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека во нападот се погодени и станбена висококатница и железничка станица во регионалниот главен град Днепар.

Државната железничка компанија „Укрзализница“ објави дека Русија намерно ја гаѓала нејзината инфраструктура во овој регион, при што се повредени шестмина работници.