Риши Сунак го отфрли обидот на ЕУ да склучи договор по Брегзит за да им се овозможи на младите Британци да живеат, студираат или работат во блокот до четири години.
Се работи за изненадувачкиот предлог на Европската комисија за шема за младинска мобилност за луѓе на возраст меѓу 18 и 30 години, откако Лабуристите го одбија предлогот во четвртокот вечерта, истовремено велејќи дека „ќе се заложи за подобрување на работните односи на Велика Британија со ЕУ, во нашите црвени линии“.
Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен предложи шемата, која исто така ќе им овозможи на младите од ЕУ да останат во Обединетото Кралство за да работат или студираат истиот временски период, да биде област каде што може да има „поблиска соработка“.
Но, Владата на Британија во петокот посочи дека Брегзит го прекина слободното движење и дека нема желба повторно да го отвори тој разговор, дури и со строги услови за должината на престојот.
„Не воведуваме шема за младинска мобилност ширум ЕУ – слободното движење во ЕУ беше прекинато и нема планови за негово воведување“, рече владиниот портпарол.
Сепак, соопшти дека владата со задоволство ќе направи договори со одделни земји-членки- познато е дека Велика Британија сака да склучи договор со Франција, но за останатите земји нема се уште информации.