Европскиот парламент изгласа визна либерализација за граѓаните на Косово кои поседуваат српски пасоши. Со ова гласање е завршена процедурата во Европскиот парламент.
Потоа, за да се реализира либерализацијата, согласноста треба да ја потврди и Советот на министри на Европската унија, и тоа со квалификувано мнозинство.
Визната либерализација за Косово започна од 1 јануари годинава, но важи само за граѓаните кои поседуваат косовски пасоши, додека оние со српски пасоши беа изземени од визна либерализација кога беа укинати визите за граѓаните на Србија во декември 2009 година.