25 минути

На Токсикологија влегоа здравствениот и трудов инспекторат

Здравствениот Инспекторат на Универзитетската клиника за токсикологија, по вчерашниот скандал и обвинувања помеѓу вработените, утврдил неправилности- 11 лица работеле спротивно на законот, без договор за вработување, а медицинскиот и економскиот директор не ги извршувале соодветно надлежностите од заедничка природа.

Инспекторатот вели дека се издадени решенија за преземање на мерки и во рок од пет дена повторно ќе следи контрола на клиниката. 

„Здравствени услуги да се укажуваат од страна на здравствените работници и соработници со важечки договори за вработување согласно закон, здравствените услуги да ги вршат исклучиво здравствени работници кои имаат образование согласно закон, а медицинскиот и организацискиот директор непречено да ги извршуваат своите должности од самостојна, а особено од заедничка надлежност согласно закон и управниот одбор на клиниката да одлучува во временски рок согласно закон при непотпишување акти на еден од двајцата директори кои се во заедничка надлежност.“ – вели Рената Младеновска директорка на ДЗСИ.

издадените резултати за пациенти.ш