25 минути

ДИК: Досега најголема излезност има во Новаци- 42,87 %

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 %, односно гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Овој процент за 6 отсто повеќе од изборите во 2019,  изјави на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски.

Според пристигнатите податоци, најголема излезност има во Новаци, 42,87 насто, а најмала во Врапчиште, 10, 18 отсто. Гласањето досега се одвива мирно на сите гласачки места.

Досега до ДИК се доставени 140 приговори, од нив 16 се усвоени и на избирачите им  е дозволено гласање.

Во канцеларијата на Народниот правобранител, денеска од 7- 19 часот, може да се пријави каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, но и лично во главната канцеларија во Скопје, на улицата Македонија бр.19 во зградата на ТД „Макошпед“ (спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза). 
Освен тоа, дежурства има и во локалните канцеларии:Струмица на тел.бр.(034) 329-996, Кичево на (045).228-586, Тетово на (044) 344-082, Битола на (047) 242-310, Штип на (032) 389-701 и во Куманово на (031) 431-488.