25 минути

Апелација ги поништи пресудите на Харви Вајнстин

Харви Вајнстин бил во затвор „плачејќи од среќа“ кога ја слушнал веста дека му биле поништени пресудите за силување и сексуален напад, од Апелациониот суд во Њујорк.
Посрамениот филмски магнат е пресреќен што „конечно некој го послуша“, изјави неговиот портпарол Џуда Енгелмаер за Дејли Мејл.
„Разговарав со него пред две минути. Харви плачеше. Беше возбуден“, рече Енгелмаер за Вајнстин, кој беше обвинет за сексуален напад од повеќе од 80 жени.
„Беше среќен што некој конечно го послуша. Тој чека да слушне од неговиот адвокат и некој од затворскиот систем да ги објасни неговите следни чекори. Тој е полн со надеж и добро расположен”.

Вајнстин (72) има 23-годишна затворска казна во Њујорк за два сексуални напади, кога доби нова одлука на судот.
Пресудите беа поништени откако апелациониот суд одлучи дека судијата направил „клучна“ грешка во првото судење.
Беше наредено ново судење, а њујоршкото обвинителство соопшти дека повторно ќе бара осуда. Тие рекоа и дека одлуката за поништување на пресудата ја сметаат за „длабоко неправедна“.
Во меѓувреме, Вајнстин ќе остане во затвор бидејќи одлежува 16 години затвор за две пресуди за силување во Лос Анџелес во 2022 година.