25 минути

Уапсен украинскиот министер за земјоделство за корупција

Одреден е притвор на украинскиот министер за земјоделство Микола Солски поради обвинувања дека незаконски присвоил државно земјиште вредно седум милиони долари, од 2017 до 2021, пред да стане министер во март 2022.

Одредена му е кауција од 1,9 милиони долари, но ќе остане во притвор до 24 јуни. Солски, вчера поднесе оставка, но доколку биде прогласен за виновен, 44-годишниот Солски би можел да добие до 12 години затвор.