Според последните податоци од ДИК, Гордана Силјановска-Давкова има 362.834 гласа, а Стево Пендаровски 180.379 гласа.
Потоа следува кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи, кој има 120.946 гласа.
Претседателскиот кандидат од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, доби 83.807 гласови, а по него е кандидатот на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари, кој има 83.363 гласа.
Кандидатката од Левица, Билјана Ванковска-Цветковска има 41.201, додека Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 8.108 гласа, со што е последен на оваа листа.