25 минути

Османи: Влада без формулата „победник со победник“ нема да има

Претседателскиот кандидат на ДУИ, Бујар Османи, излезе со порака до ВМРО- ДПМНЕ, а која се однесува на идната коалициона Влада.

“Владата ја гледаме како можност за остварување на овие цели, за разлика од оние кои се подготвени да го загрозат народот и волјата на народот за власт. Сакам да ви кажам една работа; тоа нема да се случи, волјата на народот не може да се наруши ниту денес, ниту било кога.

Жалам што дојдовме во ситуација да го вратиме споменот на Југославија кога Белград им рече на Албанците, што и да сакате, Рахман Морина ќе ве претставува и Рахман Морина цинично се смееше на волјата на народот“, изјави Османи.

Сепак, албанската опозиција има поинакви пораки за тоа како треба да изгледа идната влада.
„Како единствени натпреварувачи во албанскиот политички кампус и секако победници на овој блок, ние сме и единствените и легитимни претставници на албанците на овие избори.

Оттука, ова не принудува да ги претставуваме Албанците во идната влада, каде меѓу другото, ќе раководиме со важни институции од секторот за внатрешни работи, кои се одговорни за санкционирање на криминалот и корупцијата, за силно и директно да се борат против криминалот и долгогодишната корупција”, рече Африм Гаши, претседател на Алтернатива, и дел од коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ).