25 минути

Обвинение против 12 лица од Aгенцијата за млади и спорт за проневера од над 5 милиони евра

Јавното обвинителство поднесе обвинение против 12 лица поради сомнение за проневера на 5,7 милиони евра државни пари од буџетот на Агенцијата за млади и спорт. Според Обвинителството, предлогот е на иницијатива на Комисијата за спречување на корупција. 
За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост.

-Постапувајќи по поднесената иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата, надлежниот јавен обвинител поднел обвинителен предлог против 12 лица за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и Несовесно работење. За осомничените до Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерки на претпазливост, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Според дел од медиумите, станува збор за 12 лица од Агенцијата за млади и спорт вклучувајќи го и директорот на Агенцијата, Наумче Мојсовски, во врска со случајот со распределба на средства од ваучер системот.