25 минути

Русија распиша потерница по Зеленски

Руското Министерство за внатрешни работи отвори „кривичен случај“ против украинскиот претседател Володимир Зеленски и распиша потерница- ставен е на „списокот на барани лица“. Конкретните обвиненија не се наведени, туку се бара според членот од Кривичниот законик“- стои во базата на податоци на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи.

Освен тоа, во таа база се наведува и местото на раѓање на Зеленски, градот Кривиј Рих во регионот Дњепропетровск. Објавена е и фотографија од Зеленски, која е направена пред војната.

Украинскиот лидер Зеленски, кој ја водеше својата земја низ целосната руска инвазија која започна во февруари 2022 год., се наоѓа на веќе долгата листа на странски функционери под различни кривични потерници.

Во март 2023 година, Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин под обвинение за депортација на украински деца во Русија, воено злосторство според меѓународното законодавство.