Лидерката на ДОМ, Маја Морачанин вечерва на ФБ даде оставка од лидерската позиција.
“Како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ.
Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ.
Знам дека ДОМ ќе продолжи посветено да се бори за спроведување на зелените политики во Македонија”, напиша на ФБ Морачанин.