25 минути

Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесоа оставки од потпретседателските функции во СДСМ

Потпретседателите на СДСМ, Перо Костадинов и Фатмир Битиќи, по објавувањето на катастрофалните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, додека претседателот Димитар Ковачевски во обраќањето воопшто не спомена сопствена оставка.
„Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата.

Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот“, порача Фатмир Битиќи.