25 минути

Злоупотреби: Случаи Арбен Фетаи и Сотир Лукровски

Интервју со поранешната претседателка на Антикорупциската комисија и Транспаренси Интернешнл-во фокусот се екс-вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи и градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски.

За случајот Фетаи власта не даде никаков одговор, ниту докази-дали одел на работа последните месеци, дали земал плата, дали користел обезбедување, но и што работел овие години. Случајот со градоначалникот на Карпош Сотир Лукровски покажува неотчетност околу информациите за неговото боледување и обврската да ја информира јавноста. И двата случаи се класична злоупотреба на јавните функции, токму со нетранспарентноста, врз која се темели коруптивно владеење.