Што нѐ очекува во 2022?
Годината што измина ја следеа многу турбуленции и промени во сите сфери на општеството. И по две години живот со КОВИД-19 и сите негови мутации, секојдневниот живот сѐ уште не е вратен во нормала, а веќе на прагот од новата година се соочуваме со уште еден предизвик од енергетски карактер кој може да предизвика сериозни економски потешкотии за граѓаните.
Тронката надеж дека светот ќе се промени и ќе ја научи лекцијата со пандемијата изостана во изминатите 365 дена. Напротив, светот потона во уште поголема сиромаштија, богатите станаа побогати, а научниот свет беше игнориран. Полтичките елити како и секогаш не ги слушаа препораките на експерите, а со тоа следеа загуби во областите на културата, економијата, енергетиката, здравството – накратко кажано, загуби во целото демократско општествено уредување.
Гости во новото издание на 25 минути беа професорката Катерина Колозова од Институтот за општествени и хуманистички науки, професорот Константин Димитров од Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, д-р Злате Мемедовиќ – специјалист пулмолог и Мартин Демировски, политички консултант од Брисел, Белгија.