Љубов, солидарност и помош кон луѓето со попречености
Случајот со малото девојче Ембла ја крена на нозе целата јавност и ја исфрли на површина уште еднаш нефункционалноста на институциите, системските пропусти на Министерството за труд и социјална политика, но и вкоренетите предрасуди во македонското општество кон лицата со Даунов синдром.
И по две недели игнорантски однос на институциите за случајот со дискриминација кон Ембла во Гостивар – одговорност и вина кај надлежните нема. Во новото издание, „25 минути“ ги испитува нефункционалноста на клучните актери во процесот на социјализација на луѓето кои се брутално отфрлени од институциите.
Гости се Александар Матовски – Цако, активист за правата на лицата со Даунов синдром, Јамболка Димитрова, претседателка на Здружение за лица со Даунов синдром „Трисомија“, Ребека Јанковска, музичарка и мајка на дете со попреченост, Владимир Лазовски од Министерство за труд и социјална политика, и од Дизелдорф, Германија, Маја Стојчевски, мајка на дете со попреченост.