Работничките права во Македонија не подразбираат само достоинствени плати
Битката за работнички права продолжува – изминативе неколку недели во континуитет се одвиваа протести во повеќе сфери низ целата држава, а вчера се одржа годишниот масовен протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 мај.
Поради законските промени во висината на минималната плата, а претходно и поради промените кои настанаа за време на пандемијата со Ковид-19, работниците во земјава изминативе неколку месеци се соочуваат со губење на работните места, намалување на платите, кршење на работничките права, односно со сериозно непочитување на законите од страна на работодавците.
„25 Минути“ по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот, истражува дали македонските работници обединети или самостојно можат да ја добијат битката за соодветни работни услови и плата согласно законските рамки.
Гости во емисијата се текстилна работична која говори анонимно за условите на работното место во текстилната индустрија, Кристина Ампева од „Гласен текстилец“ и активистка за работнички права, Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Бранимир Јовановиќ, истражувач на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.